Кобра-Т е основана во 1991 година.
Компанијата се занимава со дејности од областа на металургија, односно со трговија на големо и мало на лимови и со производство на градежна лимарија. Како крајни производи нуди ребровани кровни и фасадни лимови кои се работат на сопствени најсовремени производствени линии/машини (КТ-35; КТ-25; КТ-15, ламперија и ќерамида) и пропратната градежна лимарија (олуци, ветерлајсни, опшивки, снегобрани, итн.) која се изработува на најсовремени дигитални апканти. Истите производи се работат по должини по желба на купувачот.
Кобра-Т односно Кобра Панел е првиот производител на кровни панели, кои се единствени панели на пазарот појачани дури со 6 ребра. Енергетско ефикасни и економични панели произведени со разни дебелини, односно од 20мм-50мм. Истите се изработуваат со горна страна пластифициран лим, а долната страна може да биде или пластифициран лим или алум. пластифицирана фолија; односно панели со еден лим или панели со два лима.